Почна судењето на Хосни Мубарак

Денеска во Каиро почна судењето на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак кој се соочува со обвинувања за корупција и за наредување убиства на демонстранти за време на протестите против неговото 30 годишно владеење во февруари годинава. 83 годишниот Мубарак во судницата беше донесен на носилка откако претходно во Каиро беше пренесен од Шарм ел Шеик каде што беше хоспитализиран од април. Судењето се одржува со силно полициско обезбедување. Пред судницата денеска дојде и до инциденти меѓу приврзаниците и противниците на Мубарак. На Мубарак му се суди заедно со неговите двајца синови и поранешниот министер за внатрешни работи, како и шетмина полициски функционери. Тој се соочува со смртна казна доколку биде прогласен за виновен за убивањето на околу 850 демонстранти.