Можно одлагање на повлекувањето на американските војници од Ирак

Ирак, деновиве

Ирачкиот министер за надворешни работи изјави дека политичките лидери се согласиле владата да преговара со Соединетите американски држави за можно продолжување на престојот на американски војници во земјата со цел обучување на ирачките безбедносни сили. Хошјар Зебари во изјавата за новинската агенција „Асошејтед Прес“ вели дека работите се далеку од конечен договор, но додава дека ирачките власти би можеле да инсистираат на повлекување на американските војници до 31 декември, што е во согласност со договорот постигнат во 2008 година.