Нема одлука на Советот за безбедност при ООН за Сирија

Советот за безбедност при Обединетите нации одржа повеќечасовна расправа зад затвопрени врати за можни реакции на крвопролевањето во Сирија за време на протестите на приврзаниците на опозицијата. Дипломати потврдија дека за сега не е постигнат никаков договор. Рускиот амбасдадор во Обединетите нации Витали Чуркин изјавил дека 15 членки на Советот за безбедност би требало да се консултираат со нивните влади, по што ќе се одржи ново заседавање.