ОН- Авиокомпаниите да помогнат во достава на помош за Африка

достава на помош до Могадишу, Сомалија

Обединетите нации апелираа денеска до авиокомпаниите да им помогнат во доставувањето на храна до африкaнските земји, погодени од суша, каде милиони луѓе гладуваат. Од УНИЦЕФ велат дека бараат од авиокомпаниите бесплатно или за ниска цена да помогнат во транспортот на храна во погодените региони. Неколку компании веќе ги понудиле своите услуги. Но од ОН се во обид да пронајдат уште авиопревозници. Од УНИЦЕФ велат дека повеќе од половина милион деца ќе умрат од глад, ако не се достави помошта за неколку недели.