Советот за безбедност вечерва ќе расправа за Сирија

Советот за безбедност

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи состанок за Сирија, зад затворени врати. Состанокот ќе започне во 21 часот по средноевропско време. Италија и Германија претходно побараа итна седница на Советот за Сирија. А потоа такво барање упати и Комесарот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон. Изминатиот викенд во Сирија загинаа 140 луѓе во обидите сириските власти да ги задушат анти-владините протести.