Киригистан сака да го промени името на главниот град

Споменикот на независноста во Бишкек

Видни политичари и активисти во Киргистан се на идеa да го променат името на главнито град од Бишкек во Манас. Манас е легендарен херој кој има големо значење за луѓето во Киргистан. Активистите започнуваат кампања за собирање на потписи и се надеваат дека до септември ќе соберат 10 илјади потписи за да може да се поднесе иницијатива до Парламентот.