Иран и Индија го надминаа спорот за нафта

Спорот меѓу Иран и Индија, за индискиот долг од 5 милијарди долари кон иранските нафтени компании е решен, соопштија од иранското министерство за нафта. По разговорите меѓу двете страни било договорено да се реши проблемот што е можно поскоро. Според договорот дел од долгот треба да биде исплатен во следните неколку денови.
Индија е втор најголем откупувач на нафта од Иран, по Кина. Но долгот ги примори иранските власти да се заканат со прекин на снабдувањето ако не се намири долгот.