Косовските власти подготвени да го снабдат северот со продукти

КФОР

Министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи изјави денеска дека институциите на Косово се подготвени да го снабдуваат со потребните продукти северот на земјата, ако за тоа има потреба.
Ние сме обврзани да се грижием за нашите граѓани, без разлика за кого се работи, рече Реџепи. Тој оцени дека ситуацијата на северот од земјата е мирна но под тензија, а на патиштата и понатаму има барикади.
Косовските медиуми јавија дека КФОР и Еулекс подигнале контролен пункт помеѓу Звечани и Зубин поток и ги конторлираат сите кои минуваат низ тој пат.