Владини мерки за стабилизирање на пазарот со пченица и брашно

Работен состанок на министерот Љупчо Димовски со претставници на Сојузот на земјоделци и Федерацијата на фармерите

Набавка на 40.000 тони пченица за стокови резерви, услов за увоз на еден килограм брашно со обврзувачки откуп на четири килограми пченица од домашно производство, засилени контроли на млиновите и пекарниците во државата, како и на винарските визби, предвидуваат владините мерки во земјоделството донесени на втората седница одржана вчера. Минстерот за земјоделство Љупчо Димовски вели дека Агенцијата за стокови резерви треба да објави јавен оглас да набавка на пченицата за стокови резерви.
За да се стабилизира домашниот пазар со пченица и брашно Владата донесе одлука во наредните три месеци увозот на еден килограм брашно да се услови со обврзувачки откуп на четири килограми пченица од домашно производство. Воведена е и мерката со која до октомври се забранува извоз на меркантилна пченица, рече Димовски.