Расте бројто на жртви од бомбашкиот напад во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека бројот на жртви од бомбашкиот напад во главниот град на провинцијата Хелманд, се искачил на 13 луѓе, од кои 12 полицајци и едно дете. Во нападот има уште 12 повредени. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.
Пред помалку од две недели авганистанските власти, ја презедоа контролата на безбедноста во провинцијата од меѓународните сили.