Бродска несреќа во Русија, најмалку 5 жртви

Најмалку пет луѓе се удавиле а уште пет се водат за исчезнати по потонувањето на брод во реката Москва, соопштуваат од руското министерство за итни ситуации. Властите велат дека на бродот се превезувале вкупно 17 патници и членови на екипажот. Седум лица веднаш биле спасени. Оваа бродска несреќа доаѓа на само три недели од најлошата бродска несреќа во постсоветска Русија, кога во реката Волга се удавија 122 луѓе. Бродот потона на 10 јули во Волга во централната руската република Татарстан.