Утре започнува Рамазан, светиот месец за муслиманите

Утринска молитва

Утре започнува Рамазан, најважниот и најсветлиот месец во исламската вера. Тоа е деветиот месец во исламскиот календар, во кој меѓу другото започнал да се објавува Куранот. За време на Рамазан обавезен е постот, односно се воздржува од храна и вода и телесни задоволства од зора до зајдисонце и тоа трае 30 дена. Постот не е обврзувачки за бремените жени, болните луѓе и за работниците кои вршат тешка физичка работа.
Саудиска Арабија и неколку други арапски земји најавија дека муслиманскиот пост Рамазан ќе започне утре. Слични најави, има и од Јордан, Египет, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Сирија, Бахреин, Катар, Јемен. Муслиманите ширум светот традиционално ги следат чекорите на Саудиска Арабија за почеток и крај на постот, додека муслиманските шиити обично се придржуваат до пресметките на Иран.