Владата на Нигерија ќе преговара со Боко Харам

Претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан

Владата на Нигерија ќе започне разговори со исламистичка група обвинета за голем број смртоносни напади и престрелки во североисточниот дел на земјата. Владата ќе започне преговори со Боко Харам кон средината на август. Претседателот на земјата Гудлак Џонатан именуваше седумчлена комисија која треба да ги води разговорите, а се состои од неколку министри и експерти за безбедност.