Традиционална погранична средба во Трново

Премиерот Никола Груевски пали свеќа во црквата Света Богородица, за време на иселеничката средба во Трново,2010 година

Под мотото „Секогаш со Македонија и македонските национални интереси“ денеска во потпелистерското село Трново по 31 пат ќе се одржи традиционалната погранична средба на луѓето од Македонија и од Грција.
Членовите на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола на средбата очекуваат Македонци од Егејскиот дел на Македонија, граѓани од Грција и други гости од двете држави.
Претседателот на здружението Александар Поповски вели дека средбата на луѓето кои со децении не се виделе не смее да се политизира, напротив овозможува да се негува македонскиот јазик, фолклор и творештво.