Тројца новинари-жртви на НАТО нападите над либиската телевизија

НАТО напади над Либија

Во воздушните напади на авионите на НАТО над трите телевизиски предаватели во Либија, загинале тројца новинари, а 15 се повредени. Ројтерс пренесува дека либиската државна телевизија била дигната во воздух.. Од Алијансата претходно соопштија дека нападите се за да го замолчат тероризирачкото известување и да го „натераат полковникот Гадафи да замолчи“, да не ја користи можноста да гo заплашува народот и да не ја користи телевизијата за потикнување на насилство против своите сонародници.
Во нападите биле употребени насочувачки бомби.