Норвешкиот напаѓач планирал напади и на други цели

Осомничениот за двојниот напад во Норвешка

Осомничениот за двојниот напад во Норвешка, Андерс Бехринг Бреивик, на полицијата и рекол дека планирал да нападне и други цели. Но полицијата одби да ги потврди извештаите на норвешките медиуми, дека тој планирла да ги нападне Кралската палата и седиштето на владејачката Лабуристичка партија во Осло.
Полицијата вчера го испрашуваше Бреивик 10 часа, по втор пат откако тој ги изврши нападите пред една недела. Бреивик ја призна одговорност за престрелки на островот Утоја кога загинаа 69 луѓе и бомбашкиот напад на владините згради во Осло претходно истиот ден во кој загинаа осум луѓе.