Косовскиот шеф на дипломатија разговарал со Бан Ки Мун

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвеј Хоџај

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвеј Хоџај разговарал вчера со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.
Хоџај го запознал со трговските односи меѓу Косово и Србија, како и со состојбата на северот од земјата , соопштуваат од косовското министерство за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека министерот му пренел на Бан Ки Мун дека тензиите кои настана на северот се дел од агендата на Србија со цел поделба на Косово, на која Приштина никогаш нема да се согласи.
Бан Ки Мун нагласил дека е многу важно што имал можност да ги слушне и двете страни и таа на Косово и таа на Србија.