Во Украина утре ден на жалост, за рударите

Во Украина утре е ден на жалост за смртта на најмалку 25 рудари кои загинаа во две одделни рударски несреќи во источниот дел на земјата.
Од Министерството за вонредни состојби соопштија дека 18 рудари загинале во експлозија во рудникот за јаглен во источниот регион Луханск, додека осум рудари се водат за исчезнати. Во несреќата се сериозно повредени двајца рудари кои се наоѓаат во болница.
Во регионот Донецк , загинале 7 рудари, кога пропаднал лифтот со кој се спуштале во рудникот, а 4 рудари се исчезнати.