Иран може ќе ги ослободи американските „шпиони“

Тројцата „шпиони“

Адвокатот на двајцата американски државјани кои се уапсени во Иран за шпионажа, денеска изрази надеж дека неговите клиенти ќе бидат ослободени во следните денови. Џош Фатал, Шејн Бауер и Сара Шорд беа уапсени од страна на иранските сили во јули 2009 година под сомнение за шпионажа по влегувањето во Иран од Ирак. Сара Шорд беше ослободена со кауција во септември 2010 година и се врати во САД.
Сите тројца ги негираат обвиненијата за шпионирање и велат дека ја преминале границата ненамерно. Четвртото рочиште за Бауер и Фатал ќе се одржи утре. Нивниот адвокат се надева оти тоа ќе биде последното судење и дека двете години затвор ќе се сметаат за доволно казна.