КФОР се повлече од српската блокада во северно Косово

КФОР

Конвој на КФОР со околу 30 воени возила се повлече од блокадата на патот во близина на селото Рударе, во северниот дел на Косово, крената од Србите.
Портпаролот на НАТО силите во Косово изјави дека одлуката била донесена од страна на командант на НАТО во земјата, генерал Ерхард Билер. Тој се решил на таков чекор „ да се избегне крвопролевањето,“ наведува портпаролот.
Заминувањето на силите на НАТО било поздравено со аплауз од страна на луѓето кои ги поставиле барикадите. Косовските Срби вчера кренаа барикади на двата главни патишта во северно Косово, што водат кон Србија, откако завчера силите на КФОР ја презедоа контролата над двата гранични премини на границата со Србија. Блокадите на патиштата го прекинаа движењето во двата правци.