Обама повторно предупреди дека времето за компромис за буџетот, истекува

Американскиот претседател Барак Обама денеска предупреди дека Соединетите Држави се многу блиску до истекувањето на времето за постигнување согласност во врска со буџетот. Обама, во обраќањето од Белата Куќа уште еднаш повика на меѓу-партиски компромис до вторник за да можат Соединетите Држави да продолжат да ги плаќаат сметките. Доколку не биде постигната согласност меѓу Републиканците и Демократите во Конгресот до 2-ри август, САД ќе се соочат со финансиска блокада.