Утре вонредна седница на српскиот парламент за Косово

Славица Ѓукиќ Дејановиќ

Претседателката на српскиот Парламент, Славица Ѓукиќ Дејановиќ свика за утре вонредна седница, посветена на ситуацијата на Косово.
Седницата е свикана на барање на Владата. На дневен ред има само една точка - усвојување на декларација за актуелната состојба на Косово, се наведува во соопштението на Ѓукиќ-Дејановиќ. На парламентарната седница се поканети премиерот Мирко Цветковиќ и сите членови на Владата.