Министерот за одбрана на Полска поднесе оставка


Министерот за одбрана на Полска Богдан Клиш денеска поднесе оставка, откако беше објавен владиниот извештај за ланската авионска несреќа кога загина претседателот Лех Качински и уште 95 лица. Во извештајот се истакнува дека причина за несреќата била грешка на екипажот, но и лошата сигнализација и комуникација на аеродромот во Смоленск, Русија.