Сиријските сили пукале врз демонстранти

Сиријските сили денеска со боева муниција пукале врз демонстрантите во неколку градови во земјата, јавуваат агенциите, повикувајки се на очевидци и активисти. Деститици илјади демонстранти и денеска протестирале со барање за оставка на режимот на Башар Ел Асад. Врз демонстрантите било пукано во градовите Латакиа и Дара, а нема информации за евентуални жртви. Протести имало и во предградијата на Дамаск. Во меѓувреме, властите соопштија дека во западниот дел на земјата екплодирала бомба која го оштетила нафтоводот, оценувајки ја оваа експлозија како терористички напад.