Србија нема да го добие Дивјак

Јован Дивјак

Австријскиот суд денеска го одби барањето на Србија за екстрадикција на поранешниот босански армиски генерал Јован Дивјак, кој беше уапсен во март на аеродромот во Виена. На оваа одлука, Србија има право на жалба во рок од две недели. Србија има издадено потерница по Дивјак, поради тоа што е обвинет за воени злосторства во војната во Босна и Херцеговина. Дивјак беше еден од клучните луѓе во одбраната на Сараево додека беше под опасада од боснаските срби, од 1992-ра до 1995-та година.