Ештон повторно повикува на воздржаност на Косово

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изрази одново силна загриженост заради тензиите во северниот дел од Косово и осуди пројави на насилство.
Ештон повика синоќа на продолжување на дијалогот меѓу двете страни и најави дека наскоро во регионот ќе пристигне посредникот на ЕУ во разговорите меѓу Белград и Приштина, Роберт Купер.
- Во моментот се прават интензивни напори од специјалниот претставник, Еулекс и КФОР за пронаоѓање излез од сегашниот застој, наведува Ештон.
Таа ги повика Приштина и Белград да покажат максимална воздржаност, да избегнуваат понатамошна ескалација на тензиите и да се ангажираат конструктивно за мирно решение.
- Враќањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина е единствениот начин за решавање на сите прашања, изјави Ештон.