Објавен извештајот за авионската несреќа во која загина претседателот Качински

Полската владина комисија соопшти дека несоодветната опрема и лошата комуникација со руските контролори се причини за минатогодишната авионска несреќа во која загина претседателот на Полска Лех Качински и уште 95 лица. На денешната прес конференција во Варшава, претседателот на комисијата, Роберт Бенедикт изјави дека на аеродромот во Смоленск, во Русија бил лош системот за осветлување, а руските контролори му дале погрешни насоки на екипажот на авионот. Според рускиот извештај, причина за несреќата била човечка грешка на екипажот на авионот.