16 загинати рудари во експлозија во рудник во Украина

Најмалку 16 рудари загинале, а по 10-мина сеуште се трага, при експлозијата во еден рудник за јаглен во источна Украина. Двајца рудари се здобиле со тешки изгореници и биле хоспитализирани. Украинските рудници се меѓу најризичните во светот поради застарената опрема и лошите стандарди за безбедност.