Конгресот го одложи гласањето за американскиот долг

Долниот дом на Конгресот ја откажа дебатата за носењето легислатива за заголемување на федералниот буџетски лимит. Со ова е одложено гласањето за републиканскиот предлог.Зесега нема информации дали до гласање ќе дојде подоцна во текот на денот. До ова доаѓа откако Лидерите на Републиканците и на Демократите работеа зад затворена врата на изнаоѓање компромис околу американскиот буџет со цел да биде избегната финансиска криза. Во меѓувреме, американското министертво за финансии соопшти дека разгледува план за тоа како ќе работи владата доколку до 2-ри август, кога е крајниот рок, не биде постигнат договор за буџетот. Буџетскиот лимит моментално изнесува 14,3 билиони долари.