Убиен водачот на либиските бунтовници

Водачот на либиските бунтовнички сили Абдел Фатах Јунис и двајца негови блиски соработници убиени се синоќа. Веста за смртта на Јунис ја објави на пресс конференција во Бенгази водачот на бунтовничкиот Национален преоден Совет Мустафа Абдул Џалил.Тој кажа дека е приведен водачот на групата кој стои зад убиството на Јунис. Се работи за шефот на обезбедувањето на бунтовниците.