КФОР- Состојбата во Косово по двата инциденти е тензична

силите на КФОР на северот од Косово

Командантот на КФОР, Ерхард Билер доцна попладнево потврди дека припадници на КФОР ја презеле контролата врз двата премина на косовската граница кон Србија, Брњак и Јариње и дека „ќе останат таму се додека биде потребно“.
Состојбата во Косово по двата инциденти е тензична, изјави Билер по средбата со претставници на српската Влада во местото Зубин Поток.
Тој нагласи дека сторитетите на „двата инциденти“, на убиството на косовскиот полицаец и на палењето на граничниот премин Јариње, мора да одговараат.
Билер потенцираше дека на и околу премините Јариње и Брњак нема припадници на косовската специјална полициска единица.