Бузек- Духовите од минатото се закануваат на Косово

Претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек

Претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек денеска предупреди дека е неприфатливо насилството до кое изминатите денови дојде на Косово и ги повика Белград и Приштина да помогнат во намалување на напнатоста.
„Со голема загриженост слушнав дека духовите на минатото се обидуваат да го загрозат мирот на северот на Косово“, наведува Бузек во соопштението.
Бузек вели дека помирувањето е дел од процесот на европски интеграции, дека е важно граѓаните на сите етнички и верски групи да ги надминат поделбите од минатото и да остварат мирен соживот, стабилност и напредок.
Во име на Европскиот парламент Бузек изрази солидарност со сите повредени во текот на неодамнешното насилство.