Косовските власти најавија истрага за палењето на преминот Јариње

силите на КФОР на северот на Косово

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи денеска изјави дека ќе почне истрага во врска со палењето на преминот Јариње, на северот на Косово.
Реџепи изјави дека истрагата најверојатно ќе ја спроведува регионалната истражна единица на полицијата и дека останува да се види дали тоа ќе го направи сама или во соработка со ЕУЛЕКС.
Ситуацијата на северот на Косово Реџепи ја оцени како напната, додавајќи дека мисли дека КФОР е одлучен заедно со Косовската полиција и ЕУЛЕКС да ја смири ситуацијата, на граѓаните да им го врати нормалниот живот и да воспостави ред и закон.