Властите во Албанија ги осудија инцидентите во Косово

Силите на КФОР на северот од Косово

Албанскиот претседател Бамир Топи и премиерот Сали Бериша денесака ги осудија инцидентите во иминатите два дена на северот на Косово, вклучувајќи ги и убиството на косовски полицаец и палењето на граничен премин. Во соопштението на Кабинтот на Топи се вели дека тој со вознемиреност ги следел случувањата, кои ги смета за „непотребни еднострани насилни активности“, и искажува верба во легитимните косовоски инситуции за враќање на државата во нормала.Премиерот Бериша апелираше до Србија и до Косово да ги намалат тензиите и да преземат мерки за реактиврање на дијалогот со посредство на Брисел „за доброто на двете земји, но и за мирот и стабилноста во регионот“.