Вонредна седница на косовското собрание

премиерот на Косово Хашим Тачи

Собранието на Косово денеска оддржа вонредна седница за најновите случувања во земјата. Сите партии ги подржале мерките што Владата ги презема на северот од Косово, а движењето Самопределување побара и да се воведе вонредна состојба.
Претходно премиерот на Косово Хашим Тачи го информира Собранието за последните настани на Косово, по одлуката на Владата припадниците на специјалните косовски полициски сили да воспостават, како што кажа, „ред и закон на премините Брњак и Јариње“.
Премиерот Тачи ги повтори обвинувањата дека зад нередите на северот на Косово стои официјален Белград и додаде дека вандалите кои го запалија преминот Јариње биле предводени од претставници на „паралелните структури на Србија на северот на Косово“ и дека зад нив стојат и претставници на официјален Белград.
Сите пратеници побарале Владата да состави програма за спроведување на одлуките за преземање на премините и докрај да се спроведува одлуката за воведување реципроцитет во трговските односи со Србија.