ЕУ го продолжи манадатот на својот преставник во Косово

Специјалниот претставник за Косово, Фернандо Џентилини

Советот на ЕУ соопшти дека е донесена одлука за продолжување на мандатот на специјалниот претставник за Косово, Фернандо Џентилини до 30 септември. Во соопштението се прецизира дека првичниот мандат бил од 1 мај до 31 јули.
Специјалниот претставник на Косово ќе ја извршува таа должност до крајот на септември затоа што челниците на ЕУ не успеаја да се договорат за именувањето на негов наследник поради несогласувањата околу начинот на нивното присуство на Косово, објавија косовски медиуми.
Денешната одлука стапи на сила веднаш.