Жестоки бoрби во Могадишо

Жестоки борби се водат во главниот град на Сомалија, Могадишо, меѓу исламистичките бунтовници и владините сили, подржани од трупите на Африканската Унија, јавија агенциите. До судирите дојде само еден ден откако светската програма за храна на Обединетите Нации соопшти дека ќе започне со доставување на хуманитарна помош во Могадишо за милионите гладни во делови од земјата.