Собранието денеска треба да ја избере новата влада

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата по предлогот за состав на нова влада. Согласно Деловникот за работа, изборот на владата треба да се изврши најдоцна до полноќ.
Мандатарот Никола Груевски во експозето пред пратениците истакна дека петте приоритети на кои ќе се посвети новата влада во следниот мандат се зголемувањето на економскиот раст и вработеноста, интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, одржувањето добри меѓуетнички односи и инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија.
Претеници на СДСМ истакнаа дека мандатарот и старо новата влада немаат кредибилитет за нови ветувања и нема пример кој може да им влее надеж дека нешто може да се промени на подобро.
Според нив е занемарена агендата за евроатланската интеграција на државата и оти за тоа е виновна досегашната политика што ја водела владата на ВМРО-ДПМНЕ.