КФОР ќе го преземе граничниот премин Јариње

Српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ изјави дека со командантот на КФОР Ерхард Билер е договорено силите на КФОР да го преземат граничниот премин Јариње. Добивме гаранции дека нема да има упади на специјалните единици на косовската полиција, дека ќе нема Албанци на премините и дека нема да има царина, рече Богдановиќ по разговорите со Билер, водени на полноќ на преминот Јариње. Тој додаде дека разговорите за чекорите кои ќе бидат преземени ќе продолжат и изутринава.