Тачи: Белград стои зад нередите на северот на Косово

Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи ги обвини властите во Белград дека стојат зад нередите на северот од Косово и за палењето на граничниот премин Јариње. На вонредната прес конференција во Приштина, Тачи истакна дека вандалите кои го запалија Јариње се водени од претставници на паралелните структури на Србија на северот на Косово, додавајќи оти зад нив стојат и претставници на официјален Белград кои ги финансираат тие структури. Нема да има компромис и реципроцитетот во трговските односи меѓу Косово и Србија ќе се оствари, нагласи косовскиот премиер.