Либија ја осуди одлуката на Лондон за признавање на опозицијата

Халед Каим

Либискиот помошник министер за надворешни работи Халед Каим ја оцени како неодговорна и нелегална одлуката на Велика Британија да го признае главното тело на либиската опозиција, Преодниот национален совет, за легитимна влада на Либија. Тој најави дека либиската влада ќе преземе неопходни чекори против таа одлука пред британските и меѓународните судови, затоа што таа ги крши и британското и меѓународното право. Каим го обвини шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг дека се однесува неодговорно и необјективно.
Вчера Хејг, објавувајќи ја одлуката на британската влада, ги повика членовите на Преодниот совет да ја преземат либиската амбасада во Лондон, од каде што се протерани сите дипломати верни на режимот на Моамер Гадафи.