Запален граничниот премин Јариње

граничниот премин Јариње, 27 јули, 2011

Tолпа српски хулигани го запалија граничниот премин Јариње на границате меѓу Косово и Србија, неколку часа откако од таму се повлекоа косовските специјални сили.
Српскиот претседател Борис Тадиќ издаде соопштение во кое бара итен прекин на употребата на насилство, и ги повика српските граѓани во Косово да останат смирени.
„Јас остро го осудувам насилството на екстремистите и хулигани, кои со своите насилни чекори работат против интересите на граѓаните и на државата Србија и на тој начин се приклучија на екстремисти на албанската страна, кој со еднострани акти и насилство сакаат да се стави крај на дијалогот меѓу Приштина и Белград“, рече Тадиќ.
Од КФОР исто така издоа соопштение во кое потврдуваат дека е пукано кон припадниците на КФОР во близина на граничниот премин Јариње. Од КФОР велат дека ја зајакнуваат безбедноста во тој регион, за да се спречи натамошна ескалација на ситуацијата.
Тенциите на северот од Косово, започнаа по акцијата доцна во понеделникот, кога косовските специјални сили се обидоа да ја преземат
контрола на двата спорни гранични премини Јарање и Брњак. Акцијата наиде на отпор од страна на локалните Срби и резултираше со смртта на еден полицискиот службеник.
Европската унија и Соединетите Американски Држави го критикуваа Косово што за акцијата не се координирале со меѓународната заедница.