Советот за безбедност на ОН се уште не закажа седница за Косово

Совет за безбедност

Советот за безбедност на ОН се уште не донесе одлука по барањето на Србија, да се одржи вонредна седница за ситуациајта во Косово. Српската новинска агенција Бета, повикувајќи се на дипломатски извори, јавува дека во Советот се воделе тешки преговори за барањето на Србија. Според агенцијата, Русија и Кина го подржуваат барањето на Србија, додека САД и Велика Британија се против. Ако сепак Советот закаже седница, најверојанто би се одржала утре предпладне по њујоршко време.