Тачи- Еулекс беше информиран за акцијата на границата

Премиерот на Косово Хашим Тачи

Премиерот на Косово Хашим Тачи изјави денеска дека Еулекс биле известени за одлуката на Владата „да воспостават ред и закон“ на северот од земјата, но дека не покажале воља да ја подржат истата.
„Нивното однесување сега во потполност е спротивно од улогата која ја имаат и поради која властите во Приштина ги повикаа на Косово. Во рамките на нашето суверено право и овластувањата што ги имаме нема да дозволиме нашиот суверенитет да се доведува во прашање донедоглед, рече Тачи.