Дачиќ- зголемен степенот на готовност на границата кон Косово

косовски полицаец

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека е зголемен степенот на готовност на сите единици на министерството во близина на административната линија со Косово.
Тој изјави дека има информаци оти се префрлале косовски полицајци на премините Брњак и Јариње со хеликоптери на Кфор. Тоа го негираше командантот на Кфор, Ерхард Билер.
Според Дачиќ одговорноста за ситуацијата на северот од Косово, освен на приштинските власти ,е ,и на меѓународната заедница.