Косово- на премините вратени службениците од српска националност

Командантот на КФОР, Ерхард Билер, денеска изјави дека косовските полицајци се повлекле од северот на Косово, и дека сега на премините има косовски службеници но од српска националност.
Претходно српските власти јавија дека на границите има косовски службеници од албанска националност, иако Белград и косовските Срби бараат на премините да бидат рапсоредени цариници на Еулекс и косовски служебеници од српска националност, како претходно.
Командантот на КФОР ги негираше трдењата дека со хеликоптери на КФОР се пренесувале косовските специјалци на премините на северот од Косово.
Тој изјави дека на некои патишта на северот се уште има блокади, и дека со тоа се крши договорот од вчера. Командантот повика граѓаните да не се мешаат во работата на и да не ми одмагаат на КФОР.