Пакистан- милон жртви погодени од поплавите

Привремени живеалишта за луѓето погодени од поплавите

Од пакистанската организација на Црвената полумесечина соопштија дека милиони луѓе погодени од катастрофалните поплави кои ја зафатија земјата минатата година и понатаму живеат во привремени засолништа и се изложени на заканата од нови поплавување оваа година.
Поплавите предизвикани од монсунските дождови минатата година уништија делови од северен Пакистан, по што 18 милиони луѓе беа раселени а околу 2.000 загинаа.
Пакистанската влада немаше многу можности да им помогне на луѓето, поради слабата економија, и Обединетите нации, немаат средства, бидејќи многу малку собраа од побараните 1,9 милијарди за помош на жртвите.