Ќе се преиспита работата на норвешката полиција

Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг изјави денеска дека Норвешка ќе ја преиспита орговорноста на полицијата и безбедносни мерки превземени за време на петочните напади , при што загинаа најмалку 76 луѓе.
Премиерот ја поздрави дебатата за безбедноста во земјата и верува дека со нападите од 22 јули ќе се допринесе за зголемен интерес за политичката активност меѓу Норвежаните.
Тој изјави дека Норвежаните ќе се бранат себе си, покажувајќи дека не се плашат од насилство и дека нивниот одговор на тоа ќе биде „повеќе демократија, повеќе отвореност“.