Груевски ја престави програмата на новата Влада

Премиерот Никола Груевски

Мандатарот Никола Груевски во обраќањето пред Парламентот ја престави програмата на идната влада. Во наредниот период според кажувањата на Груевски , новиот состав ќе биде насочен кон зголемување на економскиот раст и вработеноста, интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, одржување добри меѓуетнички односи и инвестирање во образование, наука и информатичка технологија.
Што се однесува на политичкиот спор со Грција, Груевски изјави дека Владата е подготвена да го продолжи грчко-македонскиот политички дијалог, врз основа на веќе утврдената стратегија и принцип.
Владата нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Македонија и нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик