Сириските сили убиле осум цивили

Сириските безбедносни сили

Сириските војници и безбедносни сили убиле осум луѓе при напад врз еден град во близина на Дамаск, јавуваат групите за човекови права. Тенкови го опколиле градот Канакар, а жителите се обиделе да ги спречат, ги блокирале патиштата и фрлале со камења кон сириските сили. Режимот на претседателот Башар ал-Асад се обидува да ги задуши протестите против неговото владеење.